• horizontal

  • showBars

  • horizontal

  • showBars

  • showBars

  • showBars

За нас

За Нас

Дестилеријата Бахус КМС е приватна дестилерија основана во 2007 година, и е специјализирана за производство на премиум дестилати. Нашата визија е градење култура на уживање во врвните дестилати добиени на традиционален македонски начин од одбрани сорти грозје од тиквешкиот регион.

Кои Сме Ние

Тимот на Бахус КМС е составен од кадри мотивирани од искрената љубов кон дестилираните алкохолни пијалаци.
Наш предизвик е во континуитет да развиваме врвни производи користејќи го искуството од минатото и модерната технологија, со контролирано производство.

Нашите Цели

Квалитетот пред се – тоа е нашето мото позади кое стои тимот на Бахус КМС. Бескомпромисно сме посветени и истрајни во намерата да стигнеме што поблиску до совршенството, постојано се надградуваме и вложуваме во нови технологии кои ќе ни го овозможат тоа.

Експериментите и иновациите се составен дел од нашата работа, затоа секогаш очекувајте да ве изненадиме со нешто ново!
На здравје!